Најтрофејниот воедно и најдобриот олимпиец на сите времиња пливачот Мајкл Фелпс откри дека негов идол и голема инспирација бил легендарниот кошаркар Мајкл Џордан. Фелпс изјави дека Џордан не само што му бил идол, туку му го променил погледот кон спортот.
Џордан ми беше идол од детството. Неговото појавување и играње ја промени кошарката. Јас сакав да станам Џордан во пливањето. На почетокот од мојата кариера многу им помагав на другите и мислам дека тука грешев многу. Пливањето не е како кошарката. Пливањето е индивидуален спорт. Кога почнав да се фокусирам само на моите тренинзи дојдоа успесите. – изјави Фелпс.
Американскиот пливач на Олимписките игри освои вкупно 28 одличја, од кои 23 беа со златен сјај и постави неколку светски рекорди.
OhridNews