Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро си замина од болница откако се опорави од мозочниот удар кој го имаше на 3 март. На мајката на најдобриот португалски фудбалер веднаш и била извршена сложена операција која поминала одлично. Долорес Авеиро и се обрати на јавноста со благодарност за поддршката и желбите за подобро здравје.
Јас имам среќа што повторно имам можност да живеам со фамилијата и да бидам блиска со нив. Ви благодарам на сите за поддршката и желбите за подобро здравје. Тешки беа деновите, но сите заедно извојувавме голема победа. – изјави мајката на Роналдо.
Роналдо веднаш отпатува во Португалија да биде поблиску до мајка си. Португалецот мораше да остане во карантин во родната земја поради позитивниот тест на Даниеле Ругани на коронавирусот.
OhridNews