Португалските медиуми претпладнево објавија дека мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро, имала мозочен удар. Таа итно била префрлена во болницата „Нелио Мендока“, каде што итно била оперирана.

Според медиумите по операцијата таа се чувствувала добро и дека не била животно загрозена иако нејзината здравствена состојба била тешка. Мајката на фудбалерто се наоѓала под постојан лекарски надзор. Наводно Роналдо веќе допатувал во Мадеира и под знак прашалник е неговиот настап против Милан.

Јувентус утре ќе го одиграат полуфиналниот реванш во Купот на Италија против Милан. Првиот меч заврши без победник 1-1.

OhridNews