Мајката на Нејмар, Надин Гонсалвес и нејзиниот 30 години помлад дечко Тијаго Рамос се испитани в полиција после жестока расправија која завршила со крвава тепачка.
Како што пренесуваат бразилските медиуми, Тијаго Рамос изнервиран од расправијата со Надин Гонсалвес со раката удрил в прозорец и ја исекол раката. Повредата не била наивна и докторите исекотината ја зашиле со 12 копци.
Надин Гонсалвес и Тијаго Рамос поминуваат низ бурен период во врската откако ја официјализираа на социјалните мрежи пред неколку месеци. Мајката на Нејмар го остави и опсле се смири со Тијаго Рамос, кој во минатото имал афери со лица од ист пол.
Бразилската супер ѕвезда Нејмар ја поддржа врската на својата мајка, но за најновите случувања се уште се нема огласено на социјалните мрежи.
OhridNews