Неполни две седмици траеше љубовната романса на Надин Гонсалвес (мајката на Нејмар) со 22 години помладото момче Тијаго Рамос.

Надин, врската со младото момче, иначе голем фан на Нејмар ја прекинала поради наклонетоста кон мажите. Бразилските медиуми открија дека Тијаго Рамос неколку пати бил виден како се забавува со момчиња.

Мајката на Нејмар не сакала да го коментира разделувањето со Тијаго Рамос, но бразилската јавност смета дека притисокот бил преголем на плеќите од Надин, кога се открило минатото на сега веќе екс момчето.

52-годишната Надин, цели 25 години беше во брак со Вагнер Рибеир со кој го имаат синот Нејмар. Парот се разведе во 2016 година.

OhridNews