Мајк Тајсон неодамна ги изненади своите фанови со видео од неговите подготовки за враќање во боксерскиот ринг, а очигледно охрабрен од ваквите реакции сега покажа уште едно видео од напорната работа, импресионирајќи со својата брзина и на 53 години и со силината на ударите.

Се е возможно кога си умен! Тренирам умно! Опоравувај се умно! – вели Тајсон во видеото, по што на крајот на фановите им порачува: Се вратив!

Тајсон најави кам бек во рингот, но ќе се бори на ревијални натпревари кои сигурно ќе привлечат големо внимание.

OhridNews