Нејзините почетоци се на 16-годишна возраст, но љубовта кон тату индустријата ја спознава многу порано, бидејќи има браќа коишто работат во оваа дејност веќе 23 години и поради тоа имала можност да се вљуби во оваа индустрија и уметност, и покрај неспорниот талент за оваа работа.

Кога се омажила се преселила во Охрид и пред 4 години заедно со Влатко, нејзиниот маж го отвораат студиото. Тетоважите кои Маја ги одбира заедно со клиентот или самата таа, кога ќе го реализира делото, вели дека чувството е прекрасно, со денови има импресии, го гледа, анализира и дискутира како да се подобри итн.

Тука било потребно било време луѓето да го прифатат нејзиниот изглед што било проследено со погрешни размислувања за нејзината личност, но во последните неколку години има промена во размислувањата, оваа уметност е веќе поприфатлива особено од помладите генерации.

Маја и Влатко Грашаровски на Интернационална Тату конвенција во Тирана, во конкуренција од над 60-тина артисти од скоро цела Европа и соседните држави го освоиле третото место во категоријата „Best realistic color“. Велат дека искуството и дружењето со различни тату артисти од различни земји било посебно чувство и се особено горди дека таму го претставувале Охрид како град.

Maja вели дека Тату конвенциите се најважното нешто коешто треба секој тату артист да го искуси. Тоа е огромно искуство каде може да научиш многу нови работи од степен на опрема и развиток на тату индустријата до степен на користење на материјалите и развивање на творбите. Размената на искуства помеѓу различен стил на повеќе тату артисти е од голема помош за секого, вели Маја.

За повеќе погледнете ја новата епизода на Обични Херои со Маја Хаџи Тату.

Обични херои Е17 Maja Хаџиовска Грашаровска

OhridNews