Екипата на Црвена Звезда втор пат пред своите навивачи го совлада Партизан и ја израмни серијата за шампионската титула во АБА лигата на 2:2. Во салата „Александар Николиќ“, вечерва, црвено – белите славеа со 68:56 (20:13, 12:11, 17:15, 19:17).
Одлучувачкиот петти натпревар ќе се игра во „Штарк“ арената, а домаќин ќе биде Партизан кој ќе ја има поддршката од своите навивачи.
Токму навивачите беа во центарот на вниманието во изминатите четири средби кои минаа во тензична атмиосфера, со многу навреди и инциденти кои фрлаат сенка на финалето во кое играат два големи клуба со исклулчително квалитетни играчи во своите редови и извонредни тренерски стручњаци кои, заслужуваат повеќе респект и почитување.
Г.М.