По синоќешните натпревари се уште нема конечна разврска во групите на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино. Публиката виде интересни средби на кои беа постигнати 31 гол.

Резултати среда, 21 август 

Блу Фиш – Дипсакус 3:0
ПН Метал – Полно меше 5:3
Брумел – Ростушки тигри 7:3
Рес.Станица и Викса пром – Авто сервис Василески 9:1

Екипите на Блу Фиш и Авто сервис Василески ќе играат мајсторка за пласман во елиминациите. Вечерва на турнирот се играат уште три средби.

Распоред четврток,  22 август

19:00 Авто сервис Василески – Блу Фиш (мајсторка)
19:30 Асп Пак – Полно меше
20:30 Виена комерц – Др.Баткоски
21:30 ПН Метал – Глобал линк шпед
22:30 Дарко пиле – Беневенто

Г.М.