Македонската репрезентација, кошаркарки до 18 години со победа над Норвешка го заврши настапот на Европското првенство (Б дивизија) во Струмица. Избраничките на селекторот Владимир Ѓоровиќ во конечниот пласман завршија на 15-то место. Во борба за оваа позиција Македонија ја совлада Норвешка со 72:62.

Александра Стојановска со 22 поени и 5 скокови и Ивана Кметовска со 17 поени, 8 скокови и 6 асистенции беа најефикасни во нашиот тим. Двоцифрена беше и Пејковска со 14 поени, а во листата на стрелци се запишаа уште осум кошаркарки. Добрата тимска игра, пред се во второто полувреме, ја донесе оваа победа, која е втора за избраничките на Владимир Ѓоровиќ во седмиот меч во Струмица

Европското првенство за кошаркарки до 18 години (Б дивизија) ќе заврши во недела кога во салата Парк во Струмица ќе се одиграат натпреварите за третото и првото место.