Парискиот Лувр ја зацементирал положбата на најпосетен музеј на светот со рекордни 8,8 милиони посетители изминатата година. Музејот минатата година забележал пораст на посетите за пет проценти во однос на претходните три години, пишувало во соопштението. Во истото било наведено дека Лувр уживал во бројните американски посетители, како и посетителите од другите странски земји кои чинеле околу 66 проценти од вкупниот број гости.
Најмногу имало од САД, потоа од Бразил, Италија, Австралија и Кина. Француските официјални лица соопштиле дека минатата година бројот на посети на француските музеи генерално пораснал за пет проценти, или вкупно 27 милиони посетители. Британското списание „Уметност“ неодамна објавил дека втор најпосетен музеј на светот бил Британскиот музеј со 5,8 милиони посетители, а потоа Њујоршкиот Метрополитен со 5,2 милиони.