Политиката е чудна. Знае да раздвои но и да спои. Некогаш и лути политички ривали знаат да најдат заеднички јазик. Во случајот ги затекнавме градоначалникот Александар Петрески и поранешниот и кандидат за иден пратеник од ВМРО ДПМНЕ Цветко Грозданов во отворен разговор во предворјето на Коснозглобна.

Во интерес на градот ние секогаш имаме добри односи, ни изјави пратеникот Грозданов. Петрески пак додаде дека односите не им биле добри туку одлични. По кусиот разговор со новинарите Петрески и Грозданов ја продолжија дискусијата што ја улови нашиот фоторепортер.


Рекоа дека ќе соработуваат во интерес на градот -Грозданов и Петрески

ohridnews