Тоа било најчудна брачна расправија која полицајците во Сакараменто воопшто ја виделе. Лута жена го возела сопругот со полна брзина на хауба.

Тоа би го окарактеризирал како многу единствен случај на куќно насилство, вели началникот на полицијата на Сакараменто Мат Јанг. Расправијата започнала во куќата на мајката на сопругата, а продожила пред куќата. Во еден момент жената ги зела клучевите од автомобилот од рацете на сопругот. Влегла во автомобилот и седнала на возачкото седиште. Сопругот со намера да ја сопре, застанал пред автомобилот со раширени раце. Но на негова несреќа тоа не му успеало. Сопругата стиснала на гаста и тргнала према него, а тој скокнал на хаубата. Полицијата вели дека во тој момент Деана Ред тргнала на весело возење по соседството. После цел круг оклу квартот не одлучила да застане. Несреќниот но спретен сопруг сеуште се држел за хаубата. Започнала и втор круг, но овој пат на автопатот.


– Добивме десетици јавувања од загрижени граѓани. Очигледно луѓето се грижеле за безбедноста на мажот на хаубата. – раскажува наредникот Јонг. Пред крајот на возењето се залетала и треснала во друг автомобил. Но ни тоа не ја сопрело. деана на самиот крај се упатила во поето каде веќе не можела да го контролира автомобилот. Конеќно и сопругот го изгубил цврстиот фат и летнал од хаубата. Тогаш Ред застанала, а полицијата конечно ја уапсила. Ја оптужиле за загрозување на сигурноста на граѓаните. Мажот претрпел само мали повреди.