Судот на еден германски забар му одредил казна од 6.000 евра бидејќи и ја откорнал протезата на пациентка која не му ја платила сметката од 700 евра.
Забарот (57), и се извинал на пациентката велејќи дека се налутил бидејќи во тоа време бил изложен на голем стрес, како на професионален така и на личен план.
Пациентката (35), рекла дека повеќе не сака да слушне ниту за забарот ниту за протезата.