Повратни информации за 1581 кандидат за градоначалници и советници добила Комисијата за верификација на факти,  од Управата за безбедност и контраразузнавање, Воената служба при Министерството за одбрана, односно Агенцијата за разузнавање.

За денешниот ден,  се очекува одговор од Државниот архив и Агенцијата за разузнавање, кои треба да откријат дали новопријавените кандидати соработувале со тајните служби.

Според најавите на портпаролот на „лустрациска“, Предраг Димитровски, пристигнатите кандидатури освен оние од Струга и Кичево, се испратени до четирите институции и треба да го поминат лустрацискиот филтер.

Инаку, неодамна „лустрациска“ откри дека тројца од кандидатите за советници од различни политички партии, соработувале со тајните служби.

OhridNews