Актерката Луси Лиу во новата серија “Elementary” на американската телевизиска мрежа CBS ќе биде во улога на помошничка на Шерлок Холмс. Во модерната верзија на приказната за еден од најпознатите фиктивни детективи, главната улога ќе ја толкува поранешниот сопруг на Анџелина Џоли, Џони Ли Милер.
Дејството на серијата е сместено во денешницата, а ексцентричниот британец и поранешен советник на Скотланд Јард има проблеми со зависноста поради кои завршува на рехабилитација во Њујорк. По завршувањето на лекувањето, Холм започнува живот во Бруклин со лекарката Џоан Вотсон, која ја игра Луси Лиу, поранешен хирург кој ја загубил работната дозвола поради смрт на пациент.