Македонските едриличари  се вратија од меѓународната  едриличарска регатата Куп на Голубац, која од 6-9 август 2009 се одржа во Голубац, Р. Србија.


На регатата учество зедоа вкупно 95 едриличари од 6 земји и тоа: Црна Гора, Италија, Унгарија, Бугарија, Македонија и домаќинот Србија кои ги измерија силите во класите: Опимист, 470, Фин, Ласер Стандард, Ласер Радијал и Ласер 4.7.


Стружанецот Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР, во класта Ласер 4.7, го освои второто место и се закити со сребрен медал .


Димитар Поп – Стефанија од ЕК СТРМЕЦ, Охрид, кој настапи во најбројната класа, класата Опимист и од вкупно 55 учесници  се пласираа на 5то , додека Дамјан Поп- Стефанија од ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид, во истата класа се пласира на 38 – то место.

ohridnews