Македонските едриличари викендов во Софија Р. Бугарија учествуваа на меѓународната регата „ Софија Пролет 2010“. На регатата учествуваа вкупно 85 натпреварувачи од 17 клуба од Македонија, Србија, Романија и Бугарија, кои ги измерија силите во класите : Оптимист, Кадет, 420, Ласер 4.7, Ласер Радијал, Ласер Стандард, 470,  Ипсилион и Ф 18.


Македонија ја претставуваа 8  едриличари од Охрид и Струга и ги постигнаа следните резултати.


Класа Ласер 4.7
Ердал Лушо – ЕК СНЕГАР, Струга- 1 во место

Класа Ласер Радијал
Кирил Мирчески – ЕК СНЕГАР,Струга- 3 то место

Класа Оптимист
Халил Јушкоски – ЕК СНЕГАР, Струга- 2 ро место

Класа Оптимист до 12 години
Дамјан Поп- Стефанија – ЕК СТРМЕЦ , Охрид -2 ро место
Ардијан Фејзулоски – ЕК СНЕГАР, Струга- 3 то место

Класа 470
Екипаж Фармакоски/Колески – ЕК БОФОР, Охрид 3 то место

Класа Ласер Стандард
Иван Андреески ЕК СНЕГАР, Струга- 4 то место

Ohridnews