Стружанецот Ердал Лушо беше единствениот македонски преставник на 33- та регата Европа куп во Хрватска. Лушо на овогодинешната регата на која учествуваа 21 земја со рекордни 345 натпреварувачи кои се натпреваруваа во три дисциплини Ласер Стандар, Ласер Радијал и Ласер 4.7 заврши како 55 во конкуренција од вкупно 62 едриличари во класата Ласер 4.7.
– Поради недостаток на финансии мораме на вакви квалитетни регати да учествуваме сами со сопствени стредства. Задоволен сум од настапот но и од приемот бидејќи како единствен учесник од нашата земја на регатата беше истакнато македонско знаме и напишано уставното име на нашата држава Македонија без никакви додавки – вели младиот стружанец
Лушо кој беше прогласен за најдобар спортист за Струга за минатата година, од класата оптимист премина во класата Ласер 4.7. Секаква споредба за резултати е прерана бидејќИ до прва Ердал треба да ги запознава веШтинтие во новата дисциплина.
– Во класата ласер 4.7 покрај тактичката подготвеност се бара и голема физичка и кондициска подготвеност. Конкуренцијата во класата ласер 4.7 е даелку поголема, а ова класа втора по бројност веднаШ зад оптимистот.Ме очекува упорна работа и многу тренинзи како и настап на многу регати по Што мислам дека ке се вклопам во новата европска конкуренција.
Финасиите ги кројат наредните планови, доколку се обезбедат доволно средства од клубот планираат да настапат на регатата во Франција. Планираат да настапат на регатите од евро куп, преку кои може да се добијат поени за пласман во светскиот ранг во класата ласер 4.7.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com