Списанието „Пипл“ ја прогласило црномурестата актерка Лупита Нионг’о за најубава жена на светот во 2014 година. Како што пренесуваат агенциите, актерката со кениско потекло, која на почетоков на годинава освои Оскар за најдобра споредна улога во драмата „12 години ропство“, се нашла на првото место на листата најубави жени.

Лупита Нионг’о коментирајќи го своето појавување на насловната на списанието рекла дека тоа е огромен комплимент. Истакнала дека нејзината мајка секогаш и зборувала дека е убава. На крајот почнала и да и верува. Додала дека сепак среќата е она најважното во животот. Однеодамна е и заштитно лице на познатата француска козметичка куќа „Ланком“.