Оскаровците Лупита Н’јонго и Џеред Лето се во врска, шпекулираат светските медиуми. Иако минатата седмица била објавена вест дека кениската актерка е во врска со раперот К’Наан, изгледа дека само една фотографија на Инстаграм ја демантирала таа приказна. Имено, Лупита и Лето се наоѓаат во Париз на доделувањето на “Spirit Awards” и тоа не е ништо чудно, но ѕвездата на филмот „Dallas buyers club“ во својот говор посебно и се заблагодарил на црномуресктата актерка, и така започнало се.

Лето рекол дека сака да се заблагодари на сите жени со кои бил и на сите кои мислат дека биле со него. Исто така рекол дека сака да и се заблагодари на својата идна поранешна жена, а зборувал а Лупита. Така започнала лавина коментари во кои може да се прочита дека холивудскиот пар е во врска. Инаку, атерката гостувала во шоуто кај Елен Деџенерис и во таа прилика истакнала дека слушнала многу трачеви за неа и за Џеред, но на крајот на разговорот ниту демантирала ниту потврдила дека е во врска со него.