Во Културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид на 2 јули 2019 година со почеток во 20. 00 часот спроти денот на свети Наум ќе се одржи културно-уметничка вечер во чест на свети Наум и на седмочисленичката дружина.

Пригодна беседа во чест на светителот, под наслов „Свети Наум на фонот на македонската културна историја“, ќе одржи Димитар Пандев.

Во рамките на манифестацијата ќе се говорат пригодни говори и песни посветени на св. Наум.

Со овој настан започнуваат ЛУНУС – Летните уметнички ноќи на улица Самоилова и ќе траат до крајот на август. Сите уметници заинтересирани за претставување и изведување на нивните дела на ЛУНУС можат да се пријавуваат во КИЦ „Култура 365“, односно на e-mail [email protected].

OhridNews