Расфрлано ѓубре, остатоци од облека и импровизирани живеалишта и клозети…Ова е сликата што зад себе ја остави луна паркот во тревникот кај спортскиот центар „Билјанини извори“. Просторот на кој  цело лето се забавуваа  деца денес личи на вистинска депонија која доколку веднаш не биде отстранета лесно може да стане и извор на зараза со оглед на тоа што се’ зад себе оставиле вработените во забавниот парк. Од остатоците добро се гледа дека тие на местото каде привремено живееле врешеле и физиолошки потреби во импровизирани и крајно нехигиенски услови.


Луна паркот замина, остана ѓубрето

Од јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти велат дека ја согледале состојбата и дека деновиве ќе пристапат кон чистење на теренот. Оттаму велат дека го наследиле договорот за закуп на тревникот во спорсткиот центар за забавен парк и дека истиот морале да го испочитуваат. Ако веќе мора да се издава просторот на спортскиот центар за  ваква намена задолжително нека се вметне член за одржување на хигиената, а родителите добро нека размислат каде тоа се забавуваат нивните деца.


Спортскиот центар претворен во депонија

Горан Момироски
Васко Бујароски