Една од најголемите светски јахти, долга 108 метри, сопственост на саудискиот милијардер Насер Ал Рашид, заринкала блиску до канското пристаниште, Франција. Луксузната јахта Лејди Моура удрила во подводен камен многу блиску до пристаништето на градот Кан, каде во моментов се одржува престижниот филмски фестивал.
Властите накратко ги затвориле двете најпознати ВИП хотелски плажи заради можна еколошка катастрофа. Сепак, реморкер брзо ја извлекол јахтата, а дупките на трупот биле „закрпени“.
Канските власти изјавиле декаистекле стотина литри гориво, но се било исчистено за неколку часа, па така 15.000 посетители на фестивалот можат да продолжат со уживање на плажите.
Рашид инаку е советник на саудиската кралска фамилија и големината на неговото богатство е службена тајна. Јахтата, која ја нарекол по својата жена, наводно ја платил преку 200 милиони долари.
Богатото културно наследство и уникатните природни потецијали на Охрид како автентична туристичка дестинација се презентираат на 46 Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од ...
На 21022025 година, при контрола извршена во угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека 64 годишно лице од Охрид, управител на објектот...
Педесет и третата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на 28 февруари, петок, со почеток во 09:00 часот Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид На Дневен ред се 25 точку меѓу ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.