Џорџо Армани, познатиот моден креатор, неодамна го отворил вториот по ред хотел. Најновиот луксузен хотел бил сместен во срцето на Милано. Во хотелот имало вкупно 90 соби.
Осмиот кат со вкупна површина од 1200 квадратни метри во потполност бил посветен на релаксацијата и третманите со убавина.
Армани спа центарот бил составен од шест соби, фитнес сала и базен кои се отворени 24 часа на ден.
Сепак, цената за едно ноќевање не е ниту малку наивна и се движела од 500 до 1600 евра.