Лускузниот, современо уреден брод „Армада“, на 21 декември, сабота, свечено ќе биде пуштен во употреба на градското пристаниште во Охрид. Во присуство на бројни претставници од туристичкиот сектор и гости, бродот ќе го направи своето прво официјално пловење по водите на Охридското Езеро.

Станува збор за брод кој е увезен од Унгарија кој годинава е целосно реновиран по најновите европски регулативи за безбедност на патниците во внатрешна пловидба. На него се инсталирани два нови мотори кои ги исполнуваат последните еко регулативи.

„Армада“ има две палуби, внатрешна климатизирана и надворешна. И двете со комфорен капацитет од по 80 патници, два тоалети, како и два бара на кои гостите ќе може да го надополнат своето уживање со голем избор на пијалаци.

  • Она што не издвојува од другите е комфорот и луксузниот амбиент кој го создадовме за нашите патници, што го прави бродот „Армада“ единствен од ваков тип на Охридското Езеро, велат сопствениците на бродот.

Бродот „Армада“ ќе плови во текот на целата година. Покрај редовните крстарења до Св.Наум, ќе нуди и кратки дневни и ноќни крстарења, а ќе биде достапен и за сите кои сакаат да организираат приватни забави од типот на свадби, родендени, корпоративни забави и слично.

Во предновогодишниот период секој ден на бродот „Армада“ ќе се организираат празнични забави со крстарење, музика во живо, закуска и неограничен пијалак.

Т.К.