Супер моделот Рејчел Хантер нарачала да се изгради палата за своите куќни љубимци. Куќарката е реплика од нејзината вила која се наоѓа во Калифорнија (САД).
Ја овластила фирмата Ла Петит Маисон за 35.000 евра да изгради куќарка за куче со под од теракота и тераси од армирано железо. Нацртите за малечката вила ги направил Алан Мовер, а интериерот го дизајнирала Мишел Полак, која на идеја за дизајнирање на куќарки за кучиња дошла после неколку години дизајнирање куќички за играње на деца.
– Еднаш во шегување им реков на градежните работници дека би требало да изградат луксузна куќа за кучиња. И така тоа тргна – рекла Полак. Додала и дека како дополнителна опција можно е да добијат и климатизација, кревети по мера и водовод. За изработка на една куќа потребно е од неколку недели до една година. За изработка се користат цигли, дрво, пластика, камен и платно. Дом за куче со најосновна опрема чини 4.000 евра, а додека најскапата куќа чини 35.000 евра.