Куќата во Калифорнија која Том Брејди и Жизел Бундшен ја граделе последниве две години конечно била завршена, а нејзината цена била 20 милиони долари. Иако сеуште не биле видени во неа, медиумите нагаѓаат дека веќе се преселиле во неа со својот двегодишен син Бенџамин. Куќата од 2000 метри квадратни имала осум спални соби, гаража за шест автомобили, голем базен и спа, теретана и вински подрум.
Парот имотот го купил во 2008 година и го платил 11 милиони долари, а изградбата на куќата чинела 20 милиони долари. Во споредба со нивното богатство, кое е проценето на 90 милиони долари, тоа и не многу. Некои од првите соседи им се Арнолд Шварценегер, како и Хајди Клум и Сил, а на Том му одговарала локацијата бидејќи така ќе биде близу до својот син кој го има од претходната врска со актерката Брижит Мојнахан.