Наоми Кемпбел го почестила своето момче, рускиот милијардер Владимир Воронин за неговиот 50 роденден со тематска вечера во стилот на Џејмс Бонд, во палатата Мехрангар Форт во Индија. Гостите кои долетале од целиот свет биле забавувани од пејачката Дајана Рос.
По забавата гостите, кои на број биле околу 200, спиеле во Умаид Баван Палас хотелот, во кој за секој гостин Наоми извоила по околу 2000 евра. Познатите гости, меѓу кои била и Кејт Мос, по прославата ги посетиле градот и спомениците, а потоа со приватни авиони одлетале секој во својот правец.