Џиновската дрвена колиба сместена во крошната на даб стар 200 години би ги задоволила дури и барањата на милионерите кои се навикнати само на луксуз и удобност. Оваа куќичка ни на небо ни на земја може да се изнајми на еден или повеќе денови. Немојте да мислите дека е наменета само за деца, бидејќи претставува многу повеќе од прикладно место за игра.
Колибата се наоѓа на шест метри над земјата и опремена е со мебел, машина за миење садови и голема када. Сопствениците Ник и Тара Кулверхаус добиле идеја да ја изградат барајќи начин да го сочуваат преубавото дрво кое веќе два века се наоѓа во близина на семејниот хотел.