Сопственикот на оваа луксузна јахта, Џејкоб Каудер, се шокирал кога сфатил дека мора да ја продаде за мизерни 30 евра. Германецот сакал да ја продаде јахтата на аукција на интернет, но заборавил да ја постави минималната цена.
Неименуваниот, среќен купувач за 30 евра станал сопственик на луксузна јахта. Џејкоб се обидел да ја откаже продажбата, но со одлука на судот дека продажбата е легална останал без неа.
– Стандардните закони за купопродажба мора да се почитуваат. Тоа исто така важи и за интернет аукциите – изјавил портпаролот на судот.