Новиот затвор во Берлин предизвикал жестока расправа во Германија за тоа колку луксуз е дозволен во казнените установи, бидејќи новиот затвор „Хеидеринг“ се одликува со простории со големи прозорци и многу светлина, бели ѕидови, светло зелени подови и црвени фасади. Само двојната метална ограда со бодликава жица, на некои места висока и до шест метри, јасно покажува дека не станува збор за некој училишен дом, туку за казнена установа.

Затворот, кој штотуку бил отворен, во некои медиуми бил наречен „Луксузна ќелија“. Директорот на затворот Анке Штеин рекол дека поимите луксуз и затвор меѓусебно се исклучуваат. Според него, нивниот затвор не бил средновековна градба, туку модерна берлинска казнена установа. Некои од ќелиите се нарекуваат „затворски соби“, бидејќи имаат десет квадратни метри, што е неколку квадрати повеќе од минимумот. Во Германија затворските келии не смеат да бидат помали од седум квадрати, бидејќи тоа го навредува човековото достоинство, а тоалетот мора да биде одвоен од просторот во кој спијат затворениците.