Британскиот луксузен хотел „Лонгкрофт“ ској се наоѓа северно од Лондон е новата дестинација за мачките од високото друштво. На интернет страната на хотелот можат да се најдат сите корисни информации, цената на сместувањето и фотографии од хотелот. Меѓу останатите предности, овој хотел нуди и минијатурни планински колиби со тематски декорации, како и музички претстави за мачките.


Не е потребно да се споменува посебната храна за мачки во облик на свежа туна, а мачките можат да уживаат во поглед на фонтана од која тече вода збогатена со кислород. Вработените ги надгледуваат мачките 24 часа на ден, а едно ноѓевање чини околу 25 евра.