Свилена постела, масажи и рафинирани јадења се само дел од луксузните нешта кои ги нуди „Актуел Дог“, новоотворениот хотел за кучиња во Париз. Сопствениците на овој објект со пет звездички, Стен Бурун, специјалист за однесување на животните, и неговата сопруга Деви, веруваат дека луѓето во големите градови ги доживуваат своите домашни миленици како деца и дека за нив се спремни да сторат скоро се.


За време на годишните одмори на некои луѓе им е незамисливо своите миленици да ги остават кај соседите или пак кај шинтерите. Затоа „Актуел Дог“ е тика да им обезбеди удобен престој додека нивниот газда се одмара во некое далечно летувалиште.