Британската компанија „Еткинс“ пред неколку години ги откупила правата за изградба на хотел на дното ја една јама во Кина, во делот на Шангај познат како Сонгдианг. Темелите на хотелот со име “Intercontinental Shimao Shanghai Wonderland” конечно биле поставени минатиот месец, а првите гости би требало да пристигнат на почетокот на 2015 година. Градбата од 19 ката ќе се наоѓа во една огромна јама чија длабочина изнесува стотина метри, а ќе содржи околу 380 соби.

Најефтиното ноќевање во несекојдневниот хотел ќе чини 240 евра, додека за престој во најлуксузно опремените апартмани посетителите ќе треба да издвојат многу повеќе. Иако локацијата е прилично изолирана од остатокот на градот, гостите не ќе мораат да се грижат за храната, бидејќи во склоп на хотелот ќе биде отворен ресторан со стаклена завеса висока 60 метри, која личи на вода. Дизајнерите на хотелот се надеваат дека нивната градба благодарение на егзотичното природно окружување ќе привлече голем број посетители, а посебно обожавателите на банџи џампинг и качување по карпи.