Холандски и норвешки експерти од 2008 година работат на проектот „Кристал“, а станува збор за луксузен хотел кој ќе има 86 соби, до кој ќе може да се стигне исклучиво со чамец. Гостите ќе можат да го набљудуваат небото, бидејќи хотелот целосно ќе биде направен од стакло, и тоа во облик на снегулка, а ќе биде стациониран во близина на Тромсо, град во северна Норвешка, помеѓу фјордови. Хотелот ќе има пет ѕвезди, конференциска сала и спа центар.
Отварањето на хотелот предвидено е за средината на 2015 година. Деловите ќе бидат изградени на суво, а ќе се склопуваат на лице место. Коен Олтуси, холандски архитект, објаснува дека основата ќе биде многу голема, и поради тоа многу стабилна, така да нема да се чувствува големо бранување. Хотелот нема да се движи, а обликот на градбата овозможува висока стабилност. Олтуис не сака да открие колку ќе чини проектот, но вели дека буџетот ќе изнесува за 15 проценти повеќе отколку што би чинело доколку хотелот се гради на копно.