Ова луксузно одморалиште кое се наоѓа во САД има три базени, два ресторани, спа и терен за голф. Ноќевањето чини околу 100 евра. Бидејќи работата во последно време не оди како што треба поради економската криза, управата понудила посебен пакет кој го нарекла “Survivor package” за да привлече гости.
Така гостите можат да се откажат од некои услуги и да им се намали цената. Ако на крајот ги одбијат сите услуги ќе платат само 10 евра. Вработените во хотелот ќе им ги изнесат плакарите, перниците, тоалетната хартија, крпите. Ќе ги исклучат климатизерите, телевизорите, па дури и ќе ги изнесат и креветите, а на гостите ќе им остават само шатор на средината од собата.