Кинеските претприемачи го откупиле стариот руски носач на авиони „Киев“ и во него отвориле луксузен хотел. Стариот руски носач сега има име „Tianjin Aircraft Carrier Hotel“. Маркетинг менаџерот на овој необичен пловечки хотел рекол дека Кина до неодамна немала носачи на авиони, па луѓето и понатаму ги доживувале како нешто мистериозно. Хотелот го направиле како тие луѓе би можеле да ја задоволат својата љубопитност.


Весникот „Gardijan“ напишал дека на преуредувњето на носачот во хотел биле потрошени околу десет милиони фунти. Носачот хотел ќе има пет луксузни претседателски апартмани кои сеуште се уредуваат си спремаат за да ги примат првите гости.