Во него ќе пронајдете базени, кино, теретани рестораним станови и хеликоптери, но овој пат не зборуваме за лускузни станови или вили, туку бункер. Имено, Роберт Вицино во германското село Ротенштајн отворил бункер во кој во случај на крај на светот можат да влезат само најбогатите. Бункерот наводно може да заштити од секоја поголема опасност, независно дали се работи за нуклеарна експлозија, хемиско оружје, замјорес или цунами, а повеќе од милијарда долари вредниот „спас од апокалипса“ ќе биде отворен само за оние со покана. Вицино е извршен директор на Вивос, компанијата која стои зад овој проект кој во случај на потреба ќе им понуди спас на милионерите. Секое семејство во комплексот ќе има сопствен стан кој можат да го дизајнираат според сопствените спецификации. Можат да додадат базен, кино или луксузна бања, а ќе имаат пристап до болница, ресторани, пекари, вински подрум или дури и телевизиски центар.

 

Иако не е познато колку чини еден ваков стан, можеме да бидеме сигурни дека апокалипсата во раскош ќе ја дочекаат само оние со најдлабок џеб. Вицино за Форбс изјавил дека се горди на овој епски проект кој го претставиле во овие се поопасни времиња. Инаку, ова не е прв бункер за параноичниот Вицини кој вече изградил еден во Индијана. Имено, на овој проект бил поттикнат од „мрачна порака“ која ја добил уште во текот на осумдесетите години од минатиот век. Не знае од каде пораката стигнала, но знае дека мора да направи засолниште за илјадници луѓе, очигледно најбогатите.