Чуварите во еден затвор на северот од Кина развиле вистинска мала трговија, продавајќи им на затворениците разна „луксузна“ роба, од алкохол до мобилни телефони. Со истрагата во затворот во провинцијата Хебеј било откриено дека чуварите ги зголемувале своите месечни приходи, продавајќи им на затворениците домашни миленици, мобилни телефони и кинеска ракија по високи цени. Оваа ситуација стигнала до таму што некои од затворениците имале дури и копии од клучевите на своите келии.


Се излегло на виделина кога минатиот септември побегнал еден затвореник, кој бил осуден на десет години затвор поради грабеж. Било востановено дека чуварите продавале голем број забранети артикли. Локалните власти се правдале со тврдењата дека затворот, кој прима 3000 затвореници, бил лошо изграден и дека имал неадекватна електрична мрежа поради која електричната ограда често останувала без струја. Двајца од чуварите биле уапсени, додека останатите добиле отказ.