Иако мирисот на лукот на многумина не им се допаѓа, според виенскиот професорот Хедемар Банкхофер е прав здравствен еликсир.

На јапонскиот Универзитет Осака потврдено е дека лукот може да го успори растот на ќелиите на ракот на дебелото црево. Една индиска студија од Универзитетот Јундаи потврди дека лукот после инфаркт или операција на срце многу брзо може да ги ублажи последиците и да ја забрза регенерацијата.

На простатата, дебелото цревео и срцето, лукот делува посебно лековито. Научниците од шангајскит институт за рак успеаа да докажат дека мажите кои секој ден јадат по два чешни лук го намалуваат ризикот од заболувања на простатата и до 50 проценти.


Дури само ден чешен лук го зголемува протокот на крв во гениталните органи и ја активира желбата за љубовен чин.

На Универзитетот Аризона е потврдено дека лукот може да ја одбие настинката. Заради тоа се препорачува уште при првите симптоми на настинка да се конзумира лук.

Банкхофер тврди дека лукот ги подмладува крвните садови и ги прави поеластични. Спрема една една студија спроведена во институтот за срце и крвоток во Мајнц, се тврди дека кој со години конзумира лук во староста има од седум до десет години помлади крвни садови. Сем тоа лукот штити од прерана артериосклероза, инфаркт и шлог.