Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека со рускиот колега Владимир Путин разговарал за „плановите“ на Западот да ја нападне Русија.

Неодамна, а и вчера со Путин детално разговаравме за подготвените стратешки планови за напад врз Русија, истакна Лукашенко.

Тој додаде дека „плановите“ предвидуваат офанзива „преку Украина и Белорусија“ врз Русија. Лукашенко вчера телефонски разговараше со Путин.

OhridNews