Италијанскиот стратег Антонио Конте многу веројатно ќе го преземе кормилото на Интер, а медиумите од апенините пренесуваат дека клубот веќе го договорил првото засилување. „Нероазурите“ ќе се засилат во нападот, а ќе пристигне Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед.

Белгиецот кој не ги оправда очекувањата на Олд Трафорд со италијанскиот калчолигаш ќе потпише петгодишен договор и ќе треба да биде ударна игла во нападот. Ако овој трансфер се обвистини и реализира многу веројатно ќе значи крај и збогум за контроверзниот Мауро Икарди.

Робусниот фудбалер и клубот од Џузепе Меаца заднички јазик најдоа откако менаџерите на Лукаку ги смалија барањата за плата. Лукаку ќе заработува 7.5 милиони евра по сезона и ќе биде еден од најплатените во тимот на Интер.

Се уште не е објавено колку ќе изнесува оштета која Интер мора да му ја исплати на „црвените ѓаволи“, но според проценките не би требало да биде поголема од 45 милиони евра.

OhridNews