Македонскиот интеранационалец во дресот на ВБА, Горан Попов разговарал со својот соиграч Лукаку за натпреварите на Македонија против Белгија во квалификациите за СП во Бразил 2014 година.


– Многупати разговарав со Попов, кој ми кажа за квалитетот на македонската репрезентација. Тој ми потврди дека имате силен тим, како и за тоа колку е важен Горан Пандев за репрезентацијата. Го познавам и Александар Трајковски кој игра тука во Белгија, во тимот на Зулте Варегем. Сето ова значи дека со сигурност не не очекува лесен натпревар во Скопје – потенцираше Лукаку.

Победата над Данска од 3-0 силно одекна во белгиските медиуми затоа тие потајно стравуваат пред гостувањето на “Филип Втори“.

– Оваа скандинавска селекција што убедливо ја победивте е една од најдобрите во Европа со голем број на настапи на Европски и Светски првенства! Плус, не очекуваат и полни трибини во Скопје, иако сме навикнати да играме такви мечеви и доаѓаме со амбиција да победиме. Се надевам, ќе се обидеме да победиме, сакаме шест бода од двомечот и имаме играчи за таков подвиг, иако Македонија не е лесен противник –
заврши Лукаку.

Мх.П.