Најдобриот фудбалер во Серија А за изминатита сезона, Ромелу Лукаку, најави останување во Интер и продолжување на соработката, најмалку за уште една натпреварувачка година.
Во обраќањето до фановите Лукаку истакна дека се чувствува добро во дресот на Интер и дека му се допаднале плановите и визиите на Симоне Инзгаги, кој денеска треба да биде промовиран за нов тренер на екипата.
Симоне Инзаги на клупата од Интер ќе дојде на местото од Антонио Конте, кој замина од клубот неколку дена после освојување на титулата во Серија А. Конте замина од клубот, како последица од финансиската криза која го зафати Интер и неизвесноста за претстојната сезона, каде очекувањата беа големи.
Лукаку, пак, во Интер се пресели од Манчестер Јунајтед.
OhridNews