Белгискиот напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку е изгласан за најдобар играч во Серија А изминатата сезона, откако помогна „нераѕурите“ да стигна до своето 19-то скудето, прво од далечната 2010 година.

28-годишниот Лукаку постигна 30 голови за Интер оваа сезона и додаде 11 асистенции, за тимот на Антонио Конте да стави крај на доминацијата на Јувентус од 9 години. Конте замина од тимот по најавите за кратење на буџетот на неговиот тим, но новиот тренер Симоне Инзаги му најавил лично на Лукаку дека тој останува клучниот играч во тимот.

Господ е голем! Голема благодарност до моите соиграчи и до Антонио Конте и неговиот тим. Ова е за фановите на Интер кои не поддржуваа оваа сезона, – напиша Лукаку на Твитер.

Поединечните награди за најдобрите фудбалери ги поделија екипите на Јувентус, Аталанта, Милан, Интер и Фиорентина. Од Јувентус доаѓа најдобриот напаѓач (Кристијано Роналдо), од Аталанта најдобриот дефанзивец (Кристијан Ромеро), од Милан најдобриот голман (Џиџи Донарума), од Интер најдобриот среден фудбалер (Николо Барела), а од Фиорентина најдобриот млад фудбалер (Душан Влаховиќ).

OhridNews