Тренерот на Челзи, Томас Тухел, има недоразбирања со неколку играчи, објави „Марка“.Фудбалерите се незадоволни од острите забелешки на тренерот за играчите за време на натпреварите.
Според шпанскиот весник, напаѓачот Ромелу Лукаку и уште неколку играчи се незадоволни од германскиот специјалист. Критиките кон Тухел доведоа до развој на неизвесност меѓу играчите.
Челзи оваа сезона одигра 24 натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на третото место во поредокот.
OhridNews