Кошаркарите на софиски Лук Оил вчера попладне го одржаа првиот тренинг во спортската арена „Билјанини извори“, во која викендов ќе се одигра меѓународниот турнир „Охрид трофеј 2013“.

Во четврток на бугарскиот тим ќе му се придружат шампионот на Македонија МЗТ Скопје – Аеродром и српските прволигаши Раднички Крагуевац и Металац од Валјево.

Турнирот започнува во петок со полуфиналните дуели Лук Олил – Раднички К. и МЗТ – Металац. Натпреварот за 3-то место и финалето на програмата се во сабота. Блок влезниците за два натпревари ќе чинат само 100 денари.  

OhridNews