Највреден луксузен бренд во светот моментално е Луј Витон, кој покрај модните производи продава и алкохол и накит. Неговата вредност се проценува на 23,6 милијарди долари, а податоците Произлегуваат од консултантската фирма Интербренд, кои ги објавило списанието Форбс. Вредноста на втората највредна марка Гучи е за повеќе од 14 милијарди долари пониска и се проценува на 9,45 милијарди долари. Следуваат фирмите Ерме, вредна 6,18 милијарди долари, Картие со 5,5, потоа марките Тифани, Барбери, Прада и Ралф Лорен.
Повеќето најскапи луксузни брендови произведуваат и продаваат модна облека и додатоци, најчесто чанти. И покрај тоа што луѓето се повеќе штедат, за чанта со логото на Луј Витон или накит Картие и понатаму владее огромно интересирање. Оваа година прометот на поризводителите на луксузна стока би можел да порасне за 4 до 5 проценти.