Модната куќа „Луј Витон“ одлучила да ги тужи продуцентите на хит комедијата „Мамурлук 2“ поради ташната која во филмот ја носи ликот кој го игра Зек Галифијанакис. Имено, челниците на модната куќа ги обвиниле продуцентите на филмот за тоа што, според нивните тврдења, ташната која ја носел Зек во филмот била копија, а не оригинален производ од овој моден бренд. Тужбата била поднесена на 22 декември во федералниот суд во Њујорк, а сопствениците на популарниот бренд навеле дека лажниот „Луј Витон“ може да направи голема конфузија меѓу нивните купувачи, како и дека на овој начин на нивната компанија и била направена голема штета и им бил повреден угледот.

Тие исто така барале и да се исече сцената во која актерот носејќи ја ташната изговара „Внимавај малку, ова е „Луј Витон““, а од друга страна бараат и дел од профитот од филмот бидејќи сметаат дека на тоа имаат право како оштета.